Мицкоски: Што треба да се случи за Филипче и Заев да поднесат оставки?
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша 10 прашања за кои јавноста никогаш не добила одговори од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
„Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:
- Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
- Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
- Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
- Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
- Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
- Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
- Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
- Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
- Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?
Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината“, напиша Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има