РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници
По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и да се вози одговорно.
Посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места.
-Не возете под дејство на алкохол! – Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици. Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол. Почитувајте ги ограничувањата на брзината – Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот. Секогаш користете сигурносен појас – Ова важи и патниците на предните и на задните седишта. Не користете мобилен телефон додека возите – Фокусот секогаш треба да е на патот. Планирајте го патувањето однапред – Проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања. Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на нив задолжително на глава да носат сигурносна опрема - кацига, се вели во соопштението.
РСБСП апелира да се почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.
-Секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба! Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас! РСБСП ви посакува среќни и безбедни првомајски празници, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани