Македонија
20. October 2023 - 12:25

Мицкоски: Се отвори Дневен центар за лица кои што имаа телесна и интелектуална попречеснот во Гази Баба

Како што кажа и Боби и Јане ова претставува убав и значаен момент во општина Гази Баба бидејќи овој Центар за лица кои што имаа телесна и интелектуална попреченост, претставува една додадена вредност во квалитетот на живот на овие лица, опремен според сите светски стандарди, нешто што треба да биде пракса на секаде во Македонија, затоа што треба да покажеме грижа за сите граѓани, насекаде низ целата територија на државата.

Јас навистина ги охрабрувам и другите општини и Министерството за труд и социјална политика да земе активно учество во креирање на овие политики и сето тоа да го заокружи, она кое што го зборувам и за кое се залагам, а тоа е дека никој нема да биде заборавен и никој нема да биде оставен.

Јас сум исклучително многу среќен што присуствувам на вакви настани, што кога нешто се отпочнува и кога тоа се завршува и се пушта во употреба, таков е и овој проект. И посакувам уште многу нови проекти на целата територија на Македонија. Свесен сум апсолутно за карактерот на владата на СДСМ и ДУИ и нивната акутна неспособност да испорачаат позитивни работи, тие испорачуваат негативни работи.

Но, добрата вест е што за неколку месеци од денес ќе имаме нова реалност, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. И единствената задача на таа влада и на министрите кои ќе бидат дел од таа влада и луѓето кои ќе раководат со институциите е да додадат вредност, односно да го зголемат квалитетот на живот на нашите сограѓани и да испорачаат што е можно повеќе проекти.

Уште еднаш му честитам и на  градоначалникот и на директор на Скопскиот Плански регион и на сите кои што беа вклучени во изработка на овој објект и посакувам корисниците на овој објект да поминат многу пријатни моменти и мигови во овој објект.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ