Мицкоски предложил вонреден конгрес - Централниот едногласно одбил
На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата, Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес на кој тој нема да се кандидира, но тие едногласно го одбиле предлогот, брифираат вечерва од партијата.
"Седницата на Централниот комитет започна со говор на претседателот Христијан Мицкоски на кој направи ретроспектива на целокупното раководење со партијата на сите аспекти, отворена дискусија за состојбите и загриженоста за целокупната економска и политичка ситуација. Иако до пред почетокот на сендицата не беше пристигнато иницијатива за свикување на вонреден конгрес претседателот Мицкоски на свое барање стави точка едногласно од страна на Централниот комитет била отфрлена, по што Мицкоски ја продолжи седницата на која ќе предложи нов состав на извршниот комитет", брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на денот се шпекулираше со повеќе имиња на нови членови на извршниот Комитет, но од партијата велат дека голем број информации не биле точни.
Славица Арсова
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето