Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед
Јас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија, кое се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права да го реализира и тука треба ние сите како граѓани да дадеме поддршка на таа македонска заедница во Бугарија, која за жал во 21 век, во земја членка на ЕУ, не може тоа право да го оствари. И тоа нема никаква врска со внатрешните работи, тоа се темели исклучиво на Резолуцијата за заштита на човековите права чиј ратификатор е и нашиот источен сосед и наш партнер во НАТО, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментар по реакцијата на бугарското МНР на неговата вчерашна изјава за блокадата од Бугарија во пристапувањето во ЕУ.
Додаде дека навистина жали што новиот министер за надворешни работи на Бугарија заборава дека добрососедските политики се темел на една европска перпектива и дека сме партнери во најголемата заедница, алијанса во човештвото, тоа е НАТО заедницата.
-Ние таму ќе продолжиме да функционираме и ние ќе останеме тука, но и нашите сограѓани ќе останат таму каде што се во Бугарија. Наша цел е да градиме добрососедски односи, но кога станува збор за вистината тогаш сме тука истата да ја коментираме и доколку промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една суверена и независна држава, тогаш навистина не знам што е тоа, рече Мицкоски.
Прашан за европската иднина на земјата, претседателот на Владата подвлече дека и втората стратешка цел на државата е полноправно членство во рамки на ЕУ.
-Ние не сме како некои поранешни политичари и тоа да го гледаме како егзибиционизам, кариеризам и нешто што претставува сосема спротивно од очекувањата и интересите на грашаните и заштита на национачните интереси, така што македонските граѓани и државата во целина очекуваат вистински пат кон ЕУ, нешто што го очекуваме повеќе од две децении и што ќе се темели на Копенхашките критериуми, на систем базиран на заслуги и ни повеќе ни помалку што го добија сите оние земји членки што пристапија, а не на билатерализација и решавање на билатерални спорови. Не смееме да дозволиме европската иднина да биде зависна од решавање на билетарални прашања, кои немаат никаква врска со 21 век, туку се поврзани со нешто што се случувало во средниот век, подвлече премиерот Мицкоски.
Тој не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на евроамбасадорот Рокас дека има засилена дипломатска активност за деблокада на пристапувањето на земјата во ЕУ. Кратко одговори дека можна деблокада може да се случи и задутре и дека тоа не зависи од нас, туку од други фактори, а новинарите за повеќе појаснувања ги упати да се обратат на евроамбасадорот.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти