Мицкоски на средба со претседателот на Меѓународниот републикански институт
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Вашингтон се сретна со Претседателот на Меѓународниот Репубилкански Институт, Даниел Твининг, кој на средбата беше придружуван од Регионалниот Директор за Европа, Јан Ерик Суротчак.
На средбата соговорниците се осврнаа на билатералните односи помеѓу Република Македонија и САД и взаемно се согласија дека е потребно понатамошно развивање на истите.
Мицкоски и Твининг разговараа за загрижувачките трендови во Република Македонија поврзани со владеењето на правото и правната држава. Мицкоски го информираше Твининг за злоупотребите на институциите од страна на владејачката структура.
Во рамките на разговорите посебен фокус се стави на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Меѓународниот Републикански Институт во процесот на програмска соработка со цел зацврстување на капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и развојот на демократските процеси во Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани