Мицкоски: Лагите за наводно моја куќа од милион евра во Козле паднаа на суд како клевета
Гледам дека СДСМ овие денови води кампања со прикажување на фотографии со луѓе кои ниту се мои соработници, ниту пак, освен сликањето имам било каква близина. Тоа е нивниот избор за дефокус од големите теми и водењето на перманентна црна кампања против мене која им се удира од глава секој ден.
Осудени се последователно неколку пати и тоа од ова нивно судство за ширење на лажни вести, клеветење и невистини.
Од истиот центар, но преку друг канал кој ги ширеше лажни вести, одново се осудени дека ме клеветеле невистинито, овој пат дека наводно сум купил и реновирал куќа во Козле од еден милион евра.
Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра.
На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија.
Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина.
Линк од фб статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина