Мицкоски: Францускиот предлог дојде откако власта во државава го прифатила, имам информација дека преговарачки тим води тајни разговори во Софија
Толку се максималистички барањата на официјална Софија што дури и овие кои овие 2-3 дена се таму и преговараат од името на граѓаните без не знам кој мандат им дал. Тие барања не се прифатливи бидејќи се толку максималистички што се навистина надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител ТВ.
„Овој последен предлог е апсолутно асиметричен и е 100-0 во корист на нашиот источен сосед. Иако да бидеме реални, тој предлог немаше да биде на масата ако некој претходно тој предлог не го прифатил“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дали тоа бил Ковачевски, дали тоа бил Османи или дали тоа бил некој друг околу нив да бидеме реални нема да си дозволи администрацијата на ЕУ ниту пак на земјата која што претседава таков предлог да го стави на маса без да добие согласност од страните кои преговараат.
„Владата тогаш се препелкаше дека не знае за каков предлог и дека сеуште не го добила тој предлог, за да потоа излезе дека всушност тие веќе неколку месеци преговарале. Приказните дека не е прифатен е само поради тоа што народот излезе, тоа што ВМРО-ДПМНЕ излезе и тоа што добивме општествено не“, кажа Мицкоски.
Мицкоски упати апел на тоа медиумите да истражат за тајни преговори, бидејќи според нашите информации изминативе неколку дена во официјална Софија се Мето Белевски и Агнеса Руси да преговараат за протоколот.
Мицкоски заклучи дека нашиот став е јасен и прецизен а тоа е дека нема преговори за јазикот, никакви фусноти не се прифатливи за нас како политичка партија нити пак за мене.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино