Мицкоски: Бранителите ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка
Бранителите ја имале, ја имаат и ќе имаат мојата поддршка, рече неколкупати премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во врска со новиот закон за бранители.
Сепак тој кажа дека самиот чин на поднесување на Законот од страна на пратеници на СДСМ кои тоа не го сториле додека биле на власт, дава јасен сигнал дека неговата цел е да предизвикува меѓуетнички тензии. Но и покрај тоа, бранителите ја имаат мојата поддршка.
Мицкоски рече дека целта на СДСМ и ДУИ е да предизвикуваат тензии бидејќи само на тој начин можат да мобилизираат луѓе и да ги заштитат своите позиции.
Уште еднаш апелираше до граѓаните да не наседнуваат на провокации.
- Речица и Бихаќка имаа седум години можност за овие теми. Не можат поинаку да мобилизираат луѓе. Од командати излегуваат милионери, исто како што од голтари, излегоа милионери, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при пуштањето во употреба на спортско рекреативниот центар „Бранители“ во Љуботенски пат во Општина Бутел.
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“