Мицкоски - Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата биле разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата, информираат попладнево од владината прес-служба.
Мицкоски ја истакнал важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.
- Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период. Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, пишува во соопштението на владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Просечната пензија од септември ќе ја надмине минималната плата
-
Проблемите на малите општини
-
Депонијата Буково - еколошка бомба
-
Преглед на вестите од светот
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес