Мета: Не ме сакаат за претседател оние кои ги кршат правата на Албанците, сакаат промена на границите на Косово и се за Отворен Балкан
Албанскиот претседател Илир Мета продолжува со пораки преку социјалните мрежи, зачестени по расправата во Уставниот суд околу одлуката за негово разрешување, донесена од парламентот во јуни минатата година.
Во една од неколкуте пораки Мета наведува дека не го сакаат за претседател „оние кои ги кршат правата на Албанците, оние кои имаат за цел промена на границите на Косово и оние кои се за „Отворен Балкан“.“
Во друга порака Мета порачува дека „нема Бог да го спречи да реагира против неправдите, кршењето на Уставот и на уставните права на албанските граѓани“.
Тој уште еднаш јасно стави до знаење дека по завршувањето на мандатот ќе се врати во политиката. Мета пишува дека по 24 јули 2022 година ќе се заложи за враќање на темелите на Републиката.
Ново на Сител
-
Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум свинг држави
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија