-->
-->
Меси го надмина Роналдо по бројот на клупски голови
-->
Големата sвезда на Барселона, Лионел Меси, забележа два гола во вчерашната победа од 5:1 над Ваљадолид. Со овие два гола, Аргентинецот е пред својот вечен конкурент – Кристијано Роналдо, во однос на индивидуалните достигнувања и рекорди .
Меси веќе има 608 голови во својата клупска кариера, надминувајќи го CR7 со два гола. Постигнатото е уште позабележително со оглед на фактот дека Аргентинецот ги постигна сите тие голови на 695 натпревари, додека 606 голови на Роналдо се постигнати на 813 натпревари.
Секако, Кристијано води на втората листа – за вкупниот број на голови во својата кариера. На средина на месецот, Португалецот го постигна голот бр. 700, потоа постигна против Болоња и сега има 701 погодок. Меси е со 676.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот