Loading Video...
Тенис
2. јуни 2023 - 19:59

Мертенс ја елиминира Пегула на Ролан Гарос

На терените на Ролан Гарос денеска се одиграа голем број мечеви во двете конкуренции. Кај дамите  забележана е доминација на тенисерките од Русија и Белорусија кои забележаа неколку победи па во следната рунда се пласираа Касаткина и Пављученкова кои беа подобри од Стернс и Потапова. 
Еден од најголемите фановити на женскиот турнир Сабаленка од Белорусија славеше со 2-0 против Русинката Рахимова. 
Пласман во следната рунда забележа и Украинката Свитолина која загуби еден сет во дуелот со Блинкова од Русија. 
Елиминација заработи третата носителка Џесика Пегула која загуби од Белгијката Мертенс додека на машкиот турнир завршија натпреварите за Рубљов кој со 3-1 загуби од Италијанецот Сонего.