Меркел се заложи за забрзување на депортацијата на мигрантите од Германија
Германскиот канцелар Ангела Меркел повика на забрзување на депортациите на мигрантите кои не добиле азил во Германија, пренесе ДПА.
- Искуството покажува дека властите можат многу побрзо да решат дали кандидатите за азил можат да останат во Германија и дали нивните земји на потекло се доволно безбедни за да бидат вратени во нив, рече Меркел на прес конференција денеска во Берлин.
Меркел ја зафати и темата за Брегзит, предупредувајќи дека при непридржување кон принципите на ЕУ од страна на Велика Британија по излезот од Унијата, на земјата ќе и бидат наметнати ограничувања, пренесе ТАСС.
-Досега ЕУ се немаше судрено со напуштање на така важен партнер како Велика Британија. Според мене, многу е важно на преговорите (за Брегзит) од една страна јасно да кажеме дека сакаме да ги задржиме нашите добри односи со Велика Британија, а од друга страна јасно да дадеме до знаење дека пристапот до заедничкиот европски пазар ќе биде можен само доколку таа ги задржи четирите основни слободи - слободата на движење на луѓето, стоките, услугите и финансиите. Во спротивен случај, ќе се наметне потребата да зборуваме за ограничувања, рече Меркел.
Ново на Сител
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството