Свет
29. October 2018 - 14:49

Меркел му го искоментира капутот на Путин: Рускиот претседател кратко и одговори, а твитерџиите потоа жестоко нападнаа

Лидерите на Русија, Германија, Франција и Турција се состанаа во Истанбул за да разговараат за Сирија.

Камерите забележаа една интересна ситуација, додека Ангела Меркел и Владимир Путин излегуваа надвор.

Рускиот претседател се закопчуваше, а германската канцеларка го праша: „Дали е тоа сибирски капут?“. Бидејќи во Истанбул било околу 17 степени, тоа за неа веројатно било необично.

Путин кратко и одговори: „Не“.

За оваа сцена потоа се расправаше на социјалните мрежи, а многумина истакнаа дека голем број странци често ги мешаат Русија и Сибир и мислат дека се работи за синоними.

„Путин би требало на Меркел навистина да и го покаже Сибир“, „Што е воопшто тоа сибирски капут?“, беа само некои од коментарите.