Мексико: Девет жртви откако ветер урна дел од бина на предизборен настан
Девет лица загинаа, а голем број се повредени, откако силни ветрови синоќа предизвикаа уривање на дел од бина за време на настанот во рамки на изборна кампања во североисточно Мексико.
Гувернерот на Нуево Леон, Самуел Гарсија, кој присуствуваше на местото на настанот, рече дека девет лица, меѓу кои и малолетник, загинале, а 50 се здобиле со средни или сериозни повреди. Најмалку три лица биле на операција.
– Ако можете, избегнувајте да излегувате бидејќи има бури и нетипични ветрови, напиша Гарсија на Х.
– Жалам за несреќата во Сан Педро Гарза Гарсија, напиша мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на X.
Претседателскиот кандидат Хорхе Алварез Мајнез од малата централно-левичарска партија Movimiento Ciudadano беше на бината со кандидат за градоначалник и други кога се случи несреќата во градот Сан Педро Гарза Гарсија, во близина на Монтереј. Мајнез не е повреден.
Ново на Сител
-
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба
-
Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
-
Вчера казнети 807 возачи
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање