-->
-->
Мејведер е најдобриот во историјата на боксот
-->
Специјализираниот портал за бокс „BoxRec“ го прогласи Флојд Мејведер за најдобар боксер во историјата. Мејвејдер во кариерата не загубил ниту еден меч. во пензија замина со 50 победи.
Совршената статистика, 50 борби и ниту еден пораз биле доволни за уредниците на порталот да му ја доделат круната на Мејвејдер. Сепак нивниот избор на десетмината најдобри во историјата ќе предизвика многу коментари бидејќи во Топ 10 на сите времиња нема место за боксерските икони Роки Марчано, Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд, Џо Фрејзер, Џорџ Форман…
Зад Мејвејдер на второто место се наоѓа легендарниот Филипинец Мани Пакјао кој во кариерата има 62 победи и седум порази. На третото место е Карлос Монзон, а дури на четвртото место доаѓа боксер од тешката категорија. Четврти е Мохамед Али (56 победи, пет порази), а петти Шугар Реј Робинсон кој во кариерата имал неверојатни 174 борби.
Во Топ 10 уште се Бернард Хопкинс (55-8-2), Џо Луис (66-3-0), Арчи Мур (186-23-10), Оскар де ла Хоја (39-6-0) и Хулио Цезар Чавез (107-6-2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови