-->
-->
Меј: Слободното движење на луѓе мора да продолжи одредено време, откако Брегзит ќе влезе во сила
-->
Британскиот премиер Тереза Меј изјави дека е можно слободното движење на луѓе меѓу Велика Британија и Европската унија да продолжи одредено време по стапувањето во сила на Брегзит, јави Би-Би-Си.
За време на посетата на Саудиска Арабија Меј истакна пред новинарите дека таа преодна фаза по излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе им овозможи на компаниите и владите да добијат време да се адаптираат кон евентуалните нови ограничувања, кои биле договорени во спогодбата за Брегзит.
Весникот „Фајненшл тајмс“ објави дека Меј изјавила оти Велика Британија нема да ја финализира новата трговска спогодба со ЕУ додека не заврши процедурата за Брегзит во 2019 година, со оглед на тоа дека има правни барања како ЕУ да ги води трговските преговори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога