Македонија
3. November 2015 - 13:14

Меѓу мигрантите во Македонија и 9.883 деца без родители

Во изминатите 24 часа во Македонија издадени се потврди за барање азил на вкупно 3.965 странски државјани. Од нив 1.878  се од машки пол, 754  се од женски, 1.238 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 95 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Најбројни се државјаните на Сирија - 2.144, Авганистан - 1.153, Ирак - 351 додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до денеска издадени се потврди на вкупно 207.905 странски државјани, од кои, 126.366 се од машки пол, 30.442 се од женски, 41.214 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.883 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 134.363, потоа Авганистан - 42.348, Ирак - 16.022, Пакистан - 4.390, Иран - 3.691, Палестина - 1.750, Сомалија - 1.060, Бангладеш - 947, Конго - 499, Нигерија - 262, Камерун - 225,  Еритреја - 213, додека останатите се во помал број. 

Во изминатите 24 часа до Одделението  за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 2 ноември 2015 година евидентирани се вкупно двајца баратели на азил,  мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита тројца баратели на азил (малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.