Македонија
5. November 2020 - 16:03

Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк замина во паркот за танцувачки мечки во бугарска Белица

Мечето Теди кое со години во штипската зоолошка градина живееше во несоодветни услови се сели во Белица, Бугарија.

Тој денес замина за Бугарија, каде ќе има подобри услови и ќе биде сместен во резерватот „Паркот на танцувачките мечки” во Белица.

Покрај Зоо Скопје, во процесот за преселбата на Теди учествувале и 4Paws, најдобрата светска организација за заштита на животните.