Маж со нож држи заложници во Њукасл
Непознат маж вооружен со нож за заложници држи вработени во еден деловен центар во Њукасл, во северна Англија, соопшти денеска британската полиција.
„Професионални преговарачи веќе се наоѓаат на лице место", се наведува во соопштението, пренесуваат француските медиуми.
Полицијата напоменува дека нема информации за евентуално повредени лица.
Се верува дека тој како заложници држи неколку лица, пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.
Полицијата наведе и дека мажот бил познат во деловниот центар и напоменува дека до овој монемнт сето тоа се третира како изолиран инцидент.
Затворени се улиците во околината на центарот, а евакуиран е и блискиот студентски дом, како и Бајкер метро станицата, додава Би-Би-Си.
До најновиот инцидент во Велика Британија доаѓа на еден ден по вонредните парламентарни избори, што беа оддржани под силни безбедносни мерки, а на помалку од една недела по најновиот, двоен терористички напад во Лондон.
Ново на Сител
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај