Писмо со сочувство од Димитриев до британскиот премиер Меј
Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев по повод терористичкиот чин во Манчестер, испрати писмо со сочувство до премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј.
- Со згрозеност, вознемиреност и тага ја примив информацијата за ужасниот терористички чин кој се случи во Манчестер. Во името на македонската Влада Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете ги на семејствата на жртвите, се наведува во писмото.
Мислите и молитвите на македонските граѓани, се посочува, се со граѓаните на Обединетото Кралство.
- Република Македонија стои рамо до рамо со целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот. Терористичките закани нема да го променат слободниот начин на живот и ќе бидат поразени со координиран, заеднички и бескомпромисен одговор, стои во писмото со сочувство од Димитриев до Меј.
Ново на Сител
-
Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште
-
Истополовите машки парови во Грција законски немаат право да добијат дете со помош на сурогат мајка
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување