Маж ја нападнал поранешната сопруга додека шетала со своите деца и се заканил дека ќе ја убие доколку повторно не живеат заедно
– Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста.
Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола со кое му била изречена забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство и да контактира со оштетената. На 7 септември, во вечерните часови, додека оштетената се движела со своите малолетни деца, се приближил до неа и ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку одбие повторно да живеат заедно. Потоа ја попречувал да замине од местото каде ја пресретнал, ја турнал и од раката ѝ го оттргнал мобилниот телефон, со што кај оштетената предизвикал чувство на страв и вознемиреност.
-Бидејќи во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и фактот што осомничениот се јавува како сторител на исти и истородни кривични дела на семејно насилство каде жртва е неговата поранешна сопруга што го оправдува стравот дека доколку остане на слобода тој ќе го повтори делото, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување притвор за осомничениот, информираат од МВР.
Предлогот на обвинителството бил прифатен, па судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола со решение на осомничениот му определил притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам