Маж фатен со полна торба дрога на Автобуската станица во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 52-годишен жител на Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– На 11 март, на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, на меѓуградска автобуска станица, обвинетиот држел 194 грама марихуана. Дрогата наменета за препродажба била скриена во неговата патна торба, а овластени службени лица ја пронашле и му ја одзеле, се вели во соопштението од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог да биде продолжена претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.
Ново на Сител
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје