-->
-->
Мастерсот за Ѓоковиќ
-->
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ 2015 година ја заврши со победа на завршниот Мастерс. Тој вечерва во финалето го победи Рожер Федерер со 6-3 и 6-4 за 80 минути. Со тоа Ѓоковиќ стана првиот тенисер со четири последователни победи на завршниот Мастерс, а има вкупно пет во својата кариера. Федерер има еден триумф повеќе.
Ѓоковиќ успеа со оваа победа да му се реваншира на Федерер за поразот во групата, воедно со овој триумф го изедначи резултатот на 22-22 во победи во меѓусебните мечеви.
Ѓоковиќ во 2015 година играше 15 финални мечеви, а победи на 11 (3-Грен Слем, 6-Мастерси 1000 и 1-Мастерс 500 и 1-Завршниот Матсрес).
Од порано беше познато дека Ѓоковиќ сезоната ќе ја заврши како број 1, додека неговиот триумф над Федерер на Мареј му го донесе второто место, а Федерер годината ја заврши како број 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки