Маскирани екстремисти во Берлин запалиле 50 возила БМВ и мерцедеси
Група од околу 50 маскирани левичарски екстремисти за време на викендот во Берлин оштетиле речиси 50 скапи автомобили од типот „БМВ“, „мерцедес“ и „порше“.
Тие се разочарани и бесни поради фактот дека некогаш прилично евтини делови од главниот германски град прилично поскапеле во последните неколку години.
Нападите што се случиле ноќта меѓу саботата и неделата предизвикале материјална штета поголема од милион долари, а зад себе оставиле 48 смачкани „мерцедеси“, „БМВ“ и „порше“.
- Нема да дозволиме на оваа левичарска банда да ги преземе нашите улици, рече Франк Хенкел, првиот човек на берлинската полиција и додаде дека „ужасните слики докажуваат дека овие левоориентирани анархисти немаат почит кон приватниот имот“.
Насилството предизвикано од поскапениот живот во некогаш евтините делови на градот, во последните години се зголемува, a токму автомобилите се честа мета.
Ново на Сител
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола