-->
-->
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-->
Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
„Тие двајца исклучителни Американци ќе и помогнат на мојата администрација да ги намали непотребните регулативи и трошоци и да ги реорганизира федералните агенции – што е од клучно значење за движењето „Даја спасиме Америка“, наведе Трамп во изјавата, пренесе Би-би-си.
Трамп го назначи поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција Џон Ретклиф за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), а гувернерката на Јужна Дакота Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп