Масакр во САД: Четворица загинати и 14 ранети во вооружен напад
Четири лица загинаа, а други 14 се ранети во американска сојзуна држава Канзас, при инцидент кога вооружен маж почнал да пука врз свои сограѓани и колеги во фабриката за косилки за трева „Ексел индастриз“, во која работел.
Три лица биле убиени при нападот што го извршил Седрик Форд (38), кој пак бил застрелан во пресметка со полцијата.
Според Си-Ен-Ен инцидентот се случил фабриката што се наоѓа во местото Хестон и во блискиот град Њутон.
Засега не се познати мотивите за овој инцидент, освен што полицијата ја отфрла можноста дека станува збор за терористички напад.
Форд прво почнал да пука во градот Њутон, ранувајќи еден камионџија и еден случаен минувач, а потоа се упатил кон фабриката.
Првата жртва била едно лице кое го затекнал на паркингот, а втората жртва била убиена на влезот од фабриката.
Полицијата тврди дека бројот на жртвите може да се зголеми, затоа што неколкумна од повредените се наоѓаат во критична состојба.
Неговите колеги од фабриката се изнендани од постапката на Форд, за кого велат дека го познавале како „мирен и трпелив човек“.
Трагичниот инцидент во Канзас, доаѓа помалку од една недела, откако во сојузната држава Мичиген во сличен ваков инцидент вооружен маж уби шест лица и рани две други.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид