Мариса Томеј во улогата на „тетка Меј“
Одлуката на компанијата „Марвел“ да ја ангажира 50-годишната Мариса Томеј за улогата на „тетка Меј“ во новиот филм „Човек-пајак“ („Спајдермен“), разлути голем број нејзини обожаватели, кои тврдат дека актерката едноставно е премлада и преубава за таа ролја.
Во улогите на „тетка Меј“, која во стрипивите е прикажана како старица со бела коса, досега се појавија 74-годишната Розмери Харис и 66-годишната Сали Филд.
Но, ангажманот на 50-годишната Томеи многумина наведе да утврдат дека Холивуд со овој потег ги дискриминира повозрасните актери.
- Навистина? Можете ли вие да биде поголеми сексисти? Мариса Томеи како тетка Меј? Колку години има Спајдермен, пет?, Ќе биде чудно кога ќе видине дека Меј е посекси од Мери Џен, се само некои од негативните коментари.
Од друга страна, постојат и оние кои тврдат дека Меј и во стриповите била прикажана премногу стара и дека Мариса Томеи во реалноста е многу поблиску до „нејзините вистински години“.
Ова е трет дел на серијалот за „Човекот-пајак“, а улогата на супер јунакот му е доделена на 19-годишниот Том Холанд.
Режисер на новиот фил е Џон Ватс, а во кината нема да се појави пред јули 2017 година.
Ново на Сител
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот