Марина Туцаковиќ не сака да ја послуша Цеца- ќе и ја исполни животната желба на нејзината ќерка Анастасија
На Анастасија Ражнатовиќ од секогаш и било голема желба нејзината прва песна да ја напише долгогодишната пријателка на нејзината мајка, а таа е Марина Туцаковиќ, но од оваа желба Анастасија се откажа откако композиторката тешко се разболи.
Имено ќерката на Цеца не сакала да ја вознемирува композиторката откако добила рак на градите.
-Анастасија со Цеца со месеци бараат песна која би можела таа да ја сними. Анастасија од секогаш сакала нејзината прва песна да ја напише Туцаковиќ, но поради болеста, таа сакаше да им даде шанса и на други композитори. Откако таа преслуша десетина песни ниту една не и се допадна, а поради тоа еден период беше и тажна бидејќи се уште не може да објави песна, вели извор близок до Анастасија.
Изворот вели и дека Цеца сака да и ја исполни нејзината желба, но се сака да ја вознемирува Марина.
-Цеца ја сака Марина како своја мајка и никогаш не би ја вознемирувала, особено сега кога се бори за живот. Меѓутоа Марина дознала дека Анастасија е тажна поради тоа што не можела да одбере соодветна песна за неа, па веднаш на Цеца и пренела дека ќе се нафати да и напише песна за нејзината ќерка. Тоа нема да и биде напор за Туцаковиќ, бидејќи таа ја познава Анастасија од пелени, вели изворот.
Тој додава и дека Цеца не ја прифатила оваа понуда, но потоа Марина ја убедила дека со задоволство ќе напише песна.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново