Свет
28. July 2016 - 18:57

Маријани: ЕП ќе го поддржи укинувањето на санкциите кон Русија

Европскиот Парламент усвои заклучок дека санкциите за Русија немаат целисходност и дека најверојатно ќе ја поддржи иницијативата на националните партии за нивно укинување, изјави францускиот парламентарец Тиери Маријани.

Националните и регионалните парламенти на Франција и Италија одамна ги повикаат националните Влади да ги укинат санкциите кон Русија, наведувајќи дека му нанесуваат штета на локалното земјоделство.

- Гледаме дека многу членки на ЕП почнуваат да разбираат дека антируските санкции не функционираат и не се ефикасни, нагласи Маријани, член на одборот за надворешни работи при францускиот Парламент.

„Знам дека и другите парламенти во Европа ќе го поддржат предлогот за укинување на санкциите кон Русија“, додаде Маријани.