Марфи: Националната гарда на Њу Џерси излегува на улиците
Гувернерот на сојузната американска држава Њу Џерси, Фил Марфи, ги повика граѓаните да останат во своите домови по 20 часот, потпиша извршна наредба со која го ограничува делувањето на одредени фирми и ги мобилизира припадниците на Националната гарда за да помогнат во спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на коорнавирусот.
-Силно се обесхрабруваат сите движења што не се неопходни и не се итни, почнувајќи од вечерва, од 20 часот до 5 часот наутро, секој ден. Оваа наредба ќе остане во сила во блиска иднина. Сакаме сите да бидат во своите домови, а не надвор, рече Марфи.
Тој нагласи дека тоа не значи експлицитно воведување полициски час, пренесе Си-Ен-Ен.
-Ова не е полициски час, но силно се препорачува и воедно и патувањата силно се обесхрабруваат. Но, не морате да бидете на улиците, не треба да бидете на улиците, порача Марфи.
Тој потпиша извршна наредба со која се пропишува прекинот на работата по 20 часот на сите малопродажни, рекреативни и забавни компании.
Марфи, исто така, ги мобилизира припадниците на Националната гарда на Њу Џерси „за да помогне во нашите напори на сите начини што се неопходни“.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари