-->
-->
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-->
Англискиот фудбалер Хари Мегваер го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година, соопшти менаџерот на клубот од „Олд Трафорд“, Рубен Аморим.
Мегваер (31) имаше договор со Манчестер Јунајтед до јуни оваа година.
Тој пристигна во Јунајтед во 2019 година од Лестер, а за тимот од Манчестер одигра 222 натпревари и постигна 12 гола.
Пред Манчестер Јунајтед и Лестер, Мегваер играше за Виган, Хал и Шефилд Јунајтед.
За репрезентацијата на Англија настапи на 64 натпревари и седум пати се запиша во листата на стрелци.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во недела ќе му гостуваат на Ливерпул во натпреварот од 20. коло на англиската Премиер лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат