Македонија
18. November 2024 - 11:37

Малолетници обиле багер, се возеле и удриле во автомобил во Центар | ФОТО

Малолетници во Капиштец обиле багер, го стартувале и управувале со него, при што оштетиле паркирано возило и кабли од системот за наводнување, со што предизвикале значителна материјална штета.

„Вечерва во паркот каде што се вршат реконструктивни работи, малолетни лица предизвикаа штета со управување на багер. Дополнително, уништени се каблите за наводнување, а направен е и увид од надлежните служби,“ информира градоначалникот на општина Центар Герасимовски.

Тој истакна дека ова е втор ваков инцидент во истиот реон, потсетувајќи дека пред неколку месеци беше обиен и ограбен комуналниот пункт на Општина Центар.

„Апелирам до родителите да разговараат со своите деца за последиците од ваквото однесување. Јавното добро е за сите нас. Вандализмот мора да запре!“ – порача Герасимовски.