Макрон: Одам во Србија за да ги финализирам преговорите за воените договори
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „во следните недели или месеци“ има намера да ја посети Србија, каде што планира да ги финализира преговорите за воените договори, вклучително и договорот за продажба на авиони Рафал на Белград.
Како што пренесе Политика, Макрон рече дека имал „исклучително плоден“ разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ за „економски, одбранбени и енергетски прашања“ на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Велика Британија.
– Воените прашања се дел од нашата агенда.
Во наредните недели или месеци ќе ја посетам Србија за да ги финализирам тие дискусии кои се предмет на технички, финансиски и политички преговори меѓу нашите земји, одговори Макрон на прес-конференција коментирајќи го статусот на договорот со Белград за набавка на француски борбени авиони Рафал.
Францускиот претседател ги окарактеризира односите меѓу Париз и Белград како „цврсти, чесни и структурни за двете земји и за целиот регион“. јт/Фото: ЕПА архива .
Ново на Сител
-
Tема на денот со историчарката Наташа Котлар
-
Со ново одделение ЈО ќе се бори против корупцијата
-
Коцевски потврди: Сослушани три лица, а за едно предложено мерки за претпазливост
-
Флајтрадар 24 не е релевантен извор реагираат од Здружението на контролори
-
Која е причината за труењето на питомци од Воената академија?
-
ВМРО-ДПМНЕ – Директори на ЈЗУ од СДСМ и ДУИ набавувале лекови кои не биле на листата
-
СДСМ: Дипломатски дебакл и понижување на државата при посетата на македонската делегација во Софија
-
Недостатокот на работна сила и нови високомлечни раси говеда го доведуваат во опасност производството на млеко