Македонија
14. September 2024 - 16:33

Флајтрадар 24 не е релевантен извор реагираат од Здружението на контролори

Флајтрадар не е релевантна алатка за да се извлекуваат заклучоци реагира здружението на контролори на летање. Не може да се каже дека настанал сериозен инцидент пред да се проверат фактите  бидејќи флајтрадар не покажува точна позиција во реално време на воздухопловите. Реагираат дека контролорите се мета на неосновани осуди и бараат јавноста да го почека извештајот од истрагата.

-За настанот од 7-ми септември, навремено е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и истата е процесирана од релевантните одделенија, служби и институции, кои понатаму постапуваат по пријавениот настан, согласно постоечки правни процедури. Никогаш не станувало случај за заташкување на настани. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент”, без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот.

Во медиумите се појави снимка од разговор на пилотот на авионот на Туркиш ерлајнс и контролор на М-нав неколку секунди пред да се избегне евентуалниот судир на авионите. Пилотот вели дека не може да ги слушне насоките од МНАВ и дека има Т-КАС алерт.

Неколку секунди ги делеле од катастрофа двата авиони. Автоматското активирање на системот и брзата реакција на пилотите спречиле огромна трагедија. Во тој момент пилотите добиваат насока едниот да понира  а другиот да ја зголеми висината за да се разминат.

Од АЦВ постапуваат по пријавата но потребни се неколку дена за да утврдат дали и кај кого е вината за овој инцидент. И Комитетот за истрага на воздухопловните несреќи  и серизони инциденти ќе истражува  што се случувало на 7 септември. Случајот е пријавен и во турската агенција за воздухопловство.

Авионите на Сан Експрес и Туркиш Ерлајнс  биле на височина од 11 илјади метри и се разминале на на 250 метри висинска разлика, наместо најмалку 800 метри.  На снимката од Флајтрадар 24 се гледа дека евентуланиот судар би се случил над Миладиновци