Македонско-белгиски бизнис форум: Фокусот останува на економијата
Индустријата, градежништвото, текстилот, земјоделството и услугите се потенцијалните сектори во кои македонската и белгиската економија можат да остварат долгорочна соработка.
Денеска над 40 компании од двете земји во Скопје преку директни средби имаат шанса да разменат искуства и идеи и да разговараат за идна соработка.
Форумот е во организација на Министерството за финансии, а учествуваат претставница на Федерацијата на белгиски комори, Стопанската комора на Антверпен, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, како и Стопанската комора на северозападна Македонија.
- Самиот факт што форумот се одвива во времиња кога политичките турбуленции во Република Македонија се изразени е уште позначителен бидејќи покажува дека фокусот во секое време треба да остане на економијата, бидејќи само преку економијата можеме да креираме подобар живот на граѓаните на нашата земја и на двете земји и да ја развиеме долгорочно соработката меѓу Македонија и Белгија, истакна на бизнис форумот вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Тој додаде дека македонско-белгиската соработка на економски план последниве години бележи нагорен тренд, дека во последните 10 години е двојно зголемена трговската размена која минатата година изнесуваше 197 милиони евра, но оти потенцијалот за соработка е многу поголем и дека треба целосно да биде искористен.
Гувернерот на Антверпен Кети Беркс потенцира дека Македонија и Белгија имаат многу заеднички работи и дека тоа е добра вест и додаде оти Македонија последните години ги засили своите напори и благодарение на тоа присутни се белгиски компании во земјава што докажува дека Македонија го привлече нивното внимание.
Реформите кои Македонија ги направи последниве 10 години ги поздрави и Џон Ступ, претседател на Федерацијата на белгиски комори, кој рече дека тој процес продолжува и дека патот на просперитет е веќе поплочен. Според него, претстои возбудлива иднина на Македонија.
Ново на Сител
-
Нивото на Охридското Езеро постојано осцилира
-
За еден ден домаќинките од Општина Босилово подготвија 220 килограми ајвар
-
Преглед на вести од светот
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави