Loading Video...
Ракомет
24. October 2022 - 18:51

Македонските ракометарки ги започнаа подготовките за ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација ги започна официјалните подготовки за ЕП чиј еден од домаќините ќе биде и нашиот главен град Скопје. 
 
Македонија заедно со Црна Гора и Словенија ќе бидат домаќин на престојното ЕП за ракометарки што ќе се одржува од 4 до 20 ноември.
 
Селкторот Љубомир Савески денеска ја имаше првата прозивка, пред стартот на подготовките за европскиот шампионат. 
 
„Значи ќе имаме 12 дена подготовки до првиот натпревар. Некои од ракометарките играа вчера, се надевам дека се здрави и подготвени. Ние имаме 19 ракометарки на списокот и очекувам дека ќе имаме добри подготовки. Никогаш досега не сме имале толку време, досега беа се по еден ден-два, па натпревар, па ден одмор, па нов натпревар, не можете да имате многу тренинзи. Се надевам дека ќе сработиме нешто да покажеме едно ново лице на ова Европско првенство. Реков и претходно, нема што да се плашиме, ние знаеме која група е тука и нема што да се изгуби, може само да се добие. Без ралзика на се, целта е да покажеме карактер и да покажеме дека сме на вистински пат“, изјави селекторот Савески.
 
 
 Потсетување дека нашите ракометарки ќе бидат домаќинки на фаворизираните Франција, Холандија и Романија на средбите од Ц групата што ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.