Loading Video...
Кошарка
29. July 2018 - 18:27
Македонските кошаркари фаворити во дуелот со Луксембург
Кошаркарското јуниорски првенство односно Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, денеска се играат дуелите од 3.коло
Репрезентацијата на Македонија го играат третиот меч и тоа против аутсајдерот во групата Луксембург. Црвено-жолтите кои по почетниот триумф над Исланд, вчера беа убедливо поразени од Холандија, сега ќе мора да ја потврдат улогата на фаворит и да ја остварат втората победа.
Ова е натпревар од Ц групата во која претходно Холандија го победи Исланд со 90-68, а Израел кој важеше за топ фаворит во групата загуби од Чешка со 74-85.
Токму Израелците ќе бидат следниот противник на македонските кошаркари во мечот од 4.коло кој ќе се игра во вторник во СРЦ Кале со почеток од 18:45 часот.
Потсетување дека влезот на сите натпревари е слободен.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->