Спорт плус
23. February 2025 - 20:59

Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи

На Европскиот куп во Пловдив каде учество земаа 29 земји со 1378 натпреварувачи во 2168 влеза нашите кикбоксери за Македонија донесоа: 5 злата, 2 сребра и 10 бронзи. 

- Оваа година ова е прв меѓународен Eвропски настан и добро е за искуство кај нашите натпреварувачи. Можам да кажам дека можеме ние многу повеќе од ова, апел на Министерството за спорт да застане повеќе позади нас и да не подржи да бидеме повторно најуспешен спорт во нашата земја, кажа претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко.