Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
Од Балканското нашите кикбоксери се вратија со:
- 9 златни медали
- 12 сребрени медали
- 11 бронзени медали
- Како претседател на Балканската федерација можам да кажам дека одзивот на земји учеснички беше солиден. Учество земаа: Црна Гора, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Бугарија, Албанија, Турција. Како водач на нашата репрезентација од резултатите на нашите натпреварувачи најискрено сум задоволен, иако нашата репрезентација не учествуваше во полн состав со сите добри натпреварувачи пак направивме солидни резултати, изјави Дејан Митревски-Урко.
- Спречени бевме од финансиски причини, државата немаше предвидено буџет за меѓународни настани па отидовме со самофинансирање бидејќи оваа година имаше парламентарни и претседателски избори, па нашата земја беше со други приоритети. Ние сме мала земја и спортот секое скратување на финансии го осеќа, додаде тој.
Ново на Сител
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи