Ракомет
28. July 2015 - 14:35

Македонските јуниорки денеска против Србија на ЕП за ракометарки до 19 години

Mладата женската репрезентација на Македонија денеска од 17 часот ќе игра против Србија, во првиот меч од разигрувањето за пласман од 9 до 16 место на ЕП за ракометраки до 19 години што се одржува во Валенсија. 
 
Првата фаза од шампионатот македонските младинки ја завршија со една победа, еден пораз и реми во последниот меч против актуелниот европски шампион Русија.
 
Балканското дерби против Србија е нов предизвик за избраничките на селекторот Симе Симевски кои со својата борбеност и пожртвуваност оставија свој белег на ова Европско првенство. 
 
„Се надевам ќе имаме уште добри натпревари на ова ЕП. Само да одиграме онака како што се договараме, мирно без брзање во нападот. Корегиравме некои ситници во играта, но генерално ја играме нашата игра. Има добар потенцијал во оваа репрезентација треба само време, работа и трпение“ – вели селекторот Симе Симевски.
 
Македонската репрезентативка Сара Ристовска ја предводи голгетерската листа со 22 гола.
 
Инаку во М1 групата покрај Србинките, противнички на нашите ракометарки ќе им  бидат и нивните врснички од Хрватска против кои ќе играат утре во истиот термин (17 часот).