Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски
Утре на денот на Свети Климент Охридски во 17:00 часот во Центарот за Култура
"Григор Прличев" - Охрид под мотото: ,, Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски" ќе се одржи Регионална фолклорна смотра во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија - СОФАМ, а под покровителство на општина Охрид. На смотрата ќе се претстават 15 фолклорни ансамбли од Западна Македонија кои ќе презентираат дел од својот програмски репертоар. Сценските изведби ќе ги набљудува уматничкиот совет на СОФАМ, а присутна ќе биде и претседателката на СОФАМ и ЦИОФФ Македонија, Проф.д-р Мирјана Мирчевска, редовен професор на институтот за етнологија и антропологија во Скопје. Пред почеток на концертот, сите фолклорни ансамбли ќе продефилираат низ Охридската чаршија, а преставници на ансамблите ќе се поклонат и положат цвеќе на споменикот на Свети Климент на градскиот плоштад. Фолклорните смотри се редовна програмска содржина на СОФАМ и се одржуваат секоја година во западниот, источниот и скопскиот регион на Македонија на кои смотри учествуваат сите македонски фолклорни ансамбли кои се членки на овој сојуз кој е единствен во Македонија од ваков вид и е член на Светската и европска фолклорна асоцијација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници