Македонски и бугарски компании потпишаа неколку договори за меѓусебна соработка
– Македонски и бугарски компании денеска во Скопје потпишаа неколку договори за меѓусебна соработка во рамки на бизнис форумот што се одржува под покровителство на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија.
Потпишани се четири договори од кои три од областа на винската индустрија и еден во делот на обезбедувањето и безбедноста.
Форумот го отворија министрите за надворешни работи Бујар Османи и Николај Милков, а на него учествуваат над 150 претставници од компании, стопанските комори и од економските институции на двете држави.
Целта на форумот е да се поттикнат нови можности за соработка, нови потенцијали што ќе ги препознаат и ќе ги употребат бизнисите за да се задржи позитивниот тренд на соработка. Во текот на последните две години трговската размена меѓу двете држави е зголемена. Во првите три квартали од годинава се бележи раст од над 50 проценти, а до крајот на годинава се очекува да се надмине прагот од една милијарда евра.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид