Македонски државјани пазарувале во Призрен со фалсификувани евра
Полицијата во косовскиот град Призрен привела двајца македонски и еден српски државјанин кои пазарувале со фалсификувани евра.
- Уапсени се двајца македонски државјани, еден од албанска, а другиот од бошњачка националност и српски државјанин, од српска националност, под сомнение дека пазарувале во неколку дуќани во Призрен со банкноти од по 200 евра, за кои се верува дека се фалсификувани, пренесува електронското издание на весникот „Газета екпсрес“, повикувајќи се на полициски извори.
Осомничените биле уапсени од полициска патрола во Штиме, додека се движеле со возило „БМВ Х5“.
Како доказен материјал одземени се 7.467 евра, 120 македонски и 9.210 српски денари.
Со одлука на обвинител, осомничените, по дадените изјави, ќе бидат задржани 48 часа.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје