-->
-->
Македонија со 18 атлети на Специјалната олимпијада во Лос Анџелес
-->
18 атлети ќе ја претставуваат Македонија на Специјална Олимпијада, која од 25 јули до 2 август ќе се одржува во Лос Анџелес.
Покрај 18-те Атлети кои ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг понг, атлетика и јунифајд кошарка (тим составен од регуларна популација и лица со интелектуална попреченост во развојот), за ЛА ќе патуваат и, 5 тренери и 3 делегати, односно македонската делегација ќе брои вкупно 26 лица, досега најбројна на едно вакво натпреварување.
Ова е најголем глобален спортски и хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети, 3.000 тренери од 177 земји ќе се натпреваруваат во 25 Олимписки спортови.
Реализацијата на овој значаен светски настан ќе биде овозможена со поддршка на 300 000 волонтери кои несебично се вложуваат во беспрекорната подготовка на настанот.
Специјална Олимпијада Македонија постои од 2004 година и е посветена на потикнување, развој и зајакнување на лицата со посебни потреби преку спорт и спортски активности со цел да станат продуктивни и почитувани членови на општеството.
Преку својата програма промовира иницијативи во здравствената и јавната сфера како и социјална инклузија на лицата со посебни потреби. Специјална Олимпијада Македонската обезбедува спортски активности на 150 атлети во Македонија давајќи има постојани можности преку различните спортови да ја развијат својата физичка кондиција, да покажат храброст, да искусат радост и преку своите редовни активности го шири духот на почитување на различностите и волонтаризам.
Претходните учества на Олимписките игри ни донесоа завидни резултати, па и медали.
Водени од слоганот на Специјална олимпијада се надеваме на успеси на атлетите кои секојдневно ги поместуваат границите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?