Македонија пристапи кон највисокиот стандард за дисеминација на податоци на ММФ
Во Скопје денеска ќе биде промовирано пристапувањето на Република Македонија кон највисокиот стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС Плус.
За значењето на овој стандард и за пристапувањето на земјата кон него ќе говорат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Драган Тевдовски.
Целта на СДДС Плус е да им помага на земјите кои се статистичи напредни при објавувањето на сеопфатни, навремени и веродостојни еконимски и финансиски податоци во рамките на постојана економска и финансиска интеграција.
Како што изјави Луи Марк Душарм, главен раководител за статистика и податоци во ММФ, дисеминацијата на нови податоци согласно највисокиот стандард ќе биде од непроценливо значење што придонесува за подобро информирани проценки на перформансот на финансискиот секор во земјата, прекугранични финансиски врски и ранливоста на економијата од шокови
Ново на Сител
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР
-
И Грците не планираат, но не исклучуваат средба Мицотакис - Мицкоски на НАТО самитот во Вашингтон
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство