Loading Video...
Балкан
23. May 2023 - 16:30

Македонецот во Белград бил случајно застрелан, здравствената состојба стабилна

Македонскиот државјанин кој синоќа беше ранет во улична престрелка во Белград, се нашол на погрешно место во погрешно време велат од МНР за Сител.

21 годишниот Д.Л. заедно со својот пријател се шетале во населбата Врачар, во моментот кога се случил нападот врз 26 годишниот српски државјанин А.П.  При пукањето, два куршуми завршиле во грбот на македонскиот државјанин. На ранетиот му помогнал неговиот пријател, кој прво го однел до влез на најблиската зграда, по што веднаш повикал полиција и брза помош.

Од информациите кои ги добивме од српското МВР, станува збор за двајца наши државјани кои биле случајни минувачи, од кои едниот со прострелна рана е пренесен во Ургентниот центар за хируршка интервенција. Тој во моментов се чувствува добро, информираа од МНР.

Српскиот државјанин кој бил мета на нападот се здобил со поврда во натколеницата. И  тој е во добра здравствена состојба. По тричасовна потрага, српската полиција го уапси напаѓачот, државјанин на Србија

20 годишниот Н.Ѓ  е осомничен дека синоќа со истрели од огнено оружје на дваесет и шестгодишен белграѓанец и дваесет и едногодишен државјанин на Северна Македонија им нанел тешки телесни повреди, а потоа побегнал.  Полицијата набрзо го идентификувала и го пронашла. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител, информираа од српското МВР.

Од полицијата велат дека и напаѓачот, и повредениот  српски државјанин биле со богато криминално досеије, а по повредениот има и активна потерница за издржување затворска  казна.  Мотивите за пукањето не се познати а  дел од српксите медиуми објавија дека станува збор за пресметка помеѓу две  криминални групи.