Македонците во Албанија го одбележаа Божик
Македонците во Албанија, каде и да живеат, достоинствено, како што и му доликува, го одбележуваат Христовото раѓање – Божик.
Тие присуствуваа на светите литургии одржани во божјите храмови, а онаму каде што се во помал број и немаат постојан свештеник, ги посетија црвите и запалија свеќи за здравје, честитајќи си го празникот со зборовите Христос се роди – навистина се роди.
Во црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец света божиќна литургија одржа свештеникот Алексо Темелко.
– Возљубени браќа и сестри. Да ја запалиме во нас и во нашите души и срца светлината и љубовта на Христос. Светлина која ќе не осветлува и ќе ја истера од нас темнината. Да ја разгласиме и да ја даруваме оваа љубов кај сите луѓе, особено кај тие што се изнемоштени, кај тие што се осамени, кај натажените и исплашените. Сега повеќе од секогаш луѓето имаат потреба од Христовата љубов затоа што совршената љубов го истерува надвор стравот и не исполнува со сигурност,мир и радост, порача отец Темелко.
Со Македонците во Пустец беше и лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е и пратеник во албанскиот Парламент и кој им посака многу среќа, здравје и благосостојба.
Македонците, пак, во село Ербеле, општина Маќелара, околија Пешкопеја иако малку по број, сепак, како и со векови наназад, се собраа во црквата „Свето Преображение“, која датира од 12-от век, а која во 1973 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата.
Ербели припаѓа на областа наречена Поле, во која се и селата Горно и Долно Крчишта, некогаш населени само со Македонци.
Ново на Сител
-
Пожарот во Националниот парк Дрина се шири и се приближува до куќи
-
Со возило на авто-школа удрен па истепан малолетник, а потоа нападната и неговата мајка
-
Воздухопловен ВИНГ - 32 години во служба на државата и гарант за воздушната независност
-
Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината
-
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
-
Почна свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември
-
Либија: Уапсен командант на милиција по убиството на криумчар на луѓе
-
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години