Македонците можат да аплицираат за Чивнинг стипендии за 2016/2017
Талентираните професионалци од разни области од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Република Македонија имаат можност да аплицираат за стипендија во рамки на британската шема за стипендирање, спонзорирана од британското Министерство за надворешни работи и Комонвелт.
Како што информира Британската амбасада во Македонија, Чивнинг стипендијата се доделува на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство. Оваа стипендија нуди финансиска поддршка за магистерски студии на водечките универзитети во Обединетото Кралство за учебната година од септември 2016 година. Заинтересираните лица имаат можност за аплицирање до 3 ноември 2015 година.
Стипендиите се доделуваат за едногодишни магистерски студии на повеќе предмети на водечки британски универзитети.
Заинтересираните кандидати потребно е да исполнуваат неколку услови - да се државјани на земја за која се отворени Чивнинг стипендиите и да планираат да се вратат назад по завршувањето на студиите и да имаат додипломски студии на ниво на „upper second-class honours“ според британската класификација на образование. Лицата треба да биле работно ангажирани најмалку две години пред да аплицираат за Чивнинг стипендија, да исполнуваат минимум услови за познавање на англиски јазик според критериумите на Чивнинг и да немаат пречки за добивање на виза и да добијат неусловена понуда од Британски универзитет.
Кандидатите за повеќе детали за роковите за аплицирање и за приоритетните области на студирање, може да се информираат на www.chevening.org
Во 2015 година се доделени стипендии на девет кандидати од Македонија кои ќе имаат можност да студираат на универзитети во Обединетото Кралство.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?